Македонија – Чешка (тоа што режијата ни го скрати)

дел од атмосферата кога се разиори големото Македонско знаме во „Чаир“ во Ниш, а режијата не ни го покажа

YouTube Preview Image

Со време (In Time)

01.01.2012 … а што да прави човек, освен да гледа филмови… така и овој први, на почеток на новата година го гледав In Time, филм погоден за крајот на една година  и почеток на друга, во смисол, како не гази времето… прочитав некаде… ееее се сеќавам на 2011, како вчера да беше …:) … е да  беше…

Што всушност  преставува времето, и за што постои времето, што се` можеме да направиме со времето, кој го измисли?

Времето е пари?

Времето всушност е непостоечко, тоа е само систем составен од човекот за поефикасно да функционира во општеството, да направи пари, да ужива во животот… хм… сепак, дали времето Е пари?

YouTube Preview Image

ПОТОП…

репринт од 2008…

Празници се ближат…празници се ближат…

А надвор ко да се спрема потоп, луѓево ко да полуделе…ПАК…секоја година ова време, deja vu, главна тема на муабет е – Каде за Нова Година?

Во продавница човек неможе да влезе да си купи основни намирници…наполнети колички со храна, пијачки, во колони чекаат на каса…залихи ко за два ипол месеци…аааа, само еден ден не се работи и тоа на Први Јануари, недела….сеа поместено за понеделник, arbeit macht frei, па се по старо ко ништо да не било.

По бутици испишани реклами за огромни попусти??? На што? Истата роба ги имаше овие цени и пред месец ипол, а луѓево ко да полуделе … ПАК…купуваат ли купуваат како после утре, да нема да постои светот, навистина имам чувство дека деновиве (секој пат пред Нова Година) луѓево се спремаат за нешто многу страшно…нешто што ќе трае и трае…а ќе трае само пар дена, после тие неколку дневни залихи (во обични месеци тоа се одприлика двомесечни залихи на храна)…цел месец ќе кукаат како многу се потрошиле за празниците, а  после празниците колку многу тоалетна хартија потрошиле  (факт е дека на втори јануар тоа е најпродаван продукт).

Во Новата 2012, како и сите предходни не очекувам ништо посебно да се смени освен  една бројка повеќе, една година постари….Не ја очекувам со спектакуларен дочек (на кој ли му текна слоганов)…вечер ко вечер, само што од тераса ќе гледам голем огномет!

Но секако на оние кои многу му се радуваат овој ден да им посакам убав помин вечерва (ја сепак за утре ја поместувам журката) … многу здравје, љубов и среќа  во Новата 2012 (11111011100)…

YouTube Preview Image

Плус инфо – анкета

Плус инфо си ја прекина анкетата. Што е чудното? Зборуваат за некаков хакерски напад но очигледно самите си се хакирале. Си легнав околу 10 вчеравечер, и во очи ми падна дека Груевски води на анкетата која тие ја организираат со скоро 1000 гласови. Ме фати смеа и направив принт скрин, за успомен.

383331_2601951162914_1078862749_3080844_1493544418_n
Денеска ми пишува едно другарче дека претходниот ден и деновите претходно резултатот бил 4500 за Груевски, 1900 за Бранко. Дури и Коце Трајановски имал повеќе гласови од него. И пазете хакерски напад по кој Бранко преку ноќ остварува луд резултат. Дали тоа СДСМ ги хакира сајтовите на оние кои го поддржуваат? Страшно, нели!

Плус инфо со статија објавена околу полноќ

п.с. во име на демократијата и слободата на говорот, ги затворија коментарите!!!


Тера Нова (Terra nova)

Минатата недела на Fox Life почна да се емитува новата серија Terra nova… Интересна SF серија во која најсреќните жители во 2149 година, имаат можност да се вратат 85 милиони години наназад во времето… главна причина е затоа што таму во минатото има воздух, свежа храна и по некој диносаурус.

Деновиве следејќи ги временските услови, или неприлики, загаденоста и се` со ред, ми дојде мака… чуму таква напредна технологија, кога воздух немаме... се прашувам, дали треба со време да си резервираме патување во минатото за да го почуствуваме воздухот, или имаме уште време апокалиптичните сценарија за иднината, да ги претвориме во утопски…?

YouTube Preview Image
Enhanced by Zemanta