Здравство: Не е само до инфраструктурата и опремата!

клинички центар
Ја читам веста во „Вечер“, по повод смртта на трите родилки во рок од една недела и неможам да верувам што се случува со нашето здравство. Министерот дава изјава „- Оваа состојба не е од денеска, таа се провлекува последните 20 години како резултат на комплетна негрижа за системот“, со што се сложувам, aпсолутно ги подржувам идеите за инвестиции во здравството. Чув дека ке се вложат вкупно 200 милиони евра, во инфраструктура и апаратура, дали некој ќе почне да ги средува состојбите меѓу докторите, но уште повеќе меѓу сестрите и помошниот персонал.
Се однесуваат надмено, препотентно, незадоволно, просто….со чест на исклучоци, тие се тие кои ја даваат грдата слика во здравствоито и поради кои ништо не функционира.
Џабе ќе се сите оние инвестиции кога персоналот што треба да се грижи за болните, а во случајов здрави жени кои отишле да родат, не им ја пружа потребната нега на тие кои им зависи животот од нивната заклетва.
Имено татко ми пред три недели имаше мозочен удар (сабота навечер), со брза помош го однесовме на Неврологија во Клинички центар и од таму не прашаа зошто сме го донеле тука, а не во Воена (од извори блиски дознав дека во Воена е затворено оделението за неврологија), нејсе, не упатија на Токсикологија….уште се прашувам зошто, дури и дежурниот лекар таму не праша што бараме на Токсикологија со школски пример на мозочен удар, па не врати назад на неврологија, од кај не упатија на компјутерска томографија во Ургентен центр (нивниот томограф бил расипан). И така ние со човек кој доживеал можочен удар се шетаме од клиника на клиника.
Кога конечно го примија ни побараа и упат од матичен (сосем регуларна постапка, но не и во ургентни ситуации и тоа во сабота навечер), на што бурно изреагирав со мајки и шајки.
Во меѓувреме, мој пријател добива страшен напад на бубрези и оди на дежурен лекар во Поликлиниката во Ѓорче Петров, каде за чудо наоѓа заклучени врати и никој не му отвара…нормално после упорно лупање по врати успеал да ги разбуди дежурните сестра и лекарка.
Се враќаме на клиника, после двонеделниот третман на Неврологија, во саботата одам на посета кај татко ми во 13 часот (порано има шанси и да не ве пуштат) и гледам дека имал уште еден мозочен удар, а никој не го видел, никој не влегол во собата од 9 часот кога им поделиле терапија. Ја побарав дежурната сестра и нормално дека и се развикав (дури бев културна, не доби ќутек), а таа ми рече да не се потресувам многу тоа било нормална работа, он и понатаму ќе си имал мозочни удари…после вториот шок што го доживеав во рок од 5 минути се прибрав и ја прашав дали само она е дежурна на цела Клиника за Неврологија…и пак нормално, потврден одговор (нели има превработеност, кај е помошниот персонал? и како може една сестра дежурна 12 саати да биде ажурна и од помош на тие што им треба?) и требаше време да ја најде докторката за да го види татко ми….
Горе-доле сите знаеме како функционираат за време на викенд, а не се подобри ни преку недела кога сите се шетаат по ходниците и се надвикуваат, веројатно за докторите да ги слушнат дека се тука, а никој не влегува по собите за да ги види болните, освен наутро за време на визита.
Ме интересира дали вложувањето на Владата во здравството ќе го смени и менталитетот на вработените, или ќе треба некоја сестра, доктор, или некој друг од помошниот персонал да летне од работа, па да се свестат дека они постојат за нас, не сме ние болни за нив. Доколку не се способни да се носат со одговорноста кои сами си ја одбрале, нек си одат достоинствено, бидејќи на тие луѓе таму им требаат, не се на работа ради мода, туку да им помогнат на тие што им требаат. Казните мора да се многу по строги, и поригорозни, и не смее да се има милост кон оние кои мислат дека од Бога им е дадено да си играат со туѓи животи, ако не им одговара, нека си одат. Очекувам за секоја неправилност да си добиваат отказ, а да се даде шанса на луѓе кои на вистина сакаат да работат.
Што корист имам/ме ако се смени директорот, кога сестрите се истите, незаитересирани, прости, арогнатни, а докторите тезгари?

март 4th, 2010 at 12:49
мислам дека се покажува премногу попустливост во многу аспекти! Не ми е јасно, како тоа во здравството постојано е некој нешто незадоволен?!
Знаете зошто мислам дека некои доктори го напуштаат Клинички и одат приватно? Не ради услови, плата или нешто слично, туку затоа што им се ограничија буџетите и зголеми контролата а со тоа и можноста да трошат без контрола.
Него интересен ми е помошниот персонал. Толку прос и арогантер што е неверојатно. Доколку се нема врски, те третираат ко лајно! Само на принцип страв функционираат.
Министерот и директорите повеќе храброст, и без милост кон неработниците. Откази и да не ви чуе! Како не им е срам! Значи од такс се вадам затоа што неодамна не еден куп луѓе кои ги знам им се случија еден куп срања.
Каде им е хипократовата заклетва, работната етика?!?!
За покрупни прекршоци треба и кривична одговорност!
Џабе само опрема нова, и реконструкција на објекти, треба и вредни и квалитетни луѓе!
март 4th, 2010 at 13:01
Клати врата зимај плата е познатата реченица која што е оставштина од комунизмот … Мора да се удри по џебот , откази и сл.. за да се освестат дека тие во рацете држат човечки животи , имено не е лесно да се измени нешто што 60 години функционирало на ист начин, но мора да се почне.
март 4th, 2010 at 13:10
Сеуште сум сршен од болка, ке пишам пост за моето шест годишно искуство со мајками и различниот однос на особјето на Хематологија и Хосписот Сју Рајдер, сосе матичниот лекар.