Истепана полицијата во Шутка
неколку прашања ме мачат.
На кој начин треба да реагира полицијата, а да не биде тепана, за да ја среди некако ситуацијата со ромите во државава (уште се немат јавено сите НВО-а да ги штитат)?
Кажете во која држава е легално да се продава шверцана брендирана роба?
п.с. може сеа некој ќе се побуни и да удри по полицијата кога ќе апсат дилери на дрога, или греота се луѓето…. печалат за леб?

април 16th, 2010 at 15:14
Кими,
полицијата зема плата за да спроведе закон.
Овојпат не спроведе.
Тоа што не спроведе сила колку што требаше е пак минус на џандарите.
Абе да дозволат да гхи мааваат со камења….срамота…
април 16th, 2010 at 15:27
истепана полиција е резултат , векторот го црта безгрешниот политичар
април 16th, 2010 at 15:30
Остај ја спаси Македонија од Фалц Чорапи, али затоа ќе се занимаваме со судски процеси во Стразбур.
април 16th, 2010 at 15:42
Кими ма, се заебаваш ли? Гледаше ли вести, инсерти виде?
Специјалци на сиромаштијата? Каде се специјалците во Кондово или Арачиново кога се исклучува струја, на пример?
Ова е класично покажување на сила – to rule with an iron fist!
април 16th, 2010 at 15:56
Само за да немаш мака околу неколкуте работи ќе ти одговорам
Шверцувана брендирана стока не се продава во државите каде
-државниот апарат е мал и ефикасен
-државниот апарат не е камен околу вратот на стопанството
-државниот апарат е во функција на стопанството креирајќи поволни услови за легален бизнис
-државниот апартат не е до гуша заглибен во мито и корупција
-државниот апарат не е место за вдомување на партиски послушници
Е таму легитимно е демонстрирањето на сила за спроведување на Законите
април 16th, 2010 at 16:03
А замислете полициски функционер да носи брендиран фалсификуван часовник? И да не му фали ни влакно од главата.
Кажете во која држава е тоа легално?
април 16th, 2010 at 16:10
Уште нешто за да немаш дилеми.Во таквите држави со институциите не раководат зеленковци.Таму инвестициите се стварност а не приказни со илјадници балони.
Кога има инвестиции нема да има потреба некој да продава небрендирана стока за да преживее.
април 16th, 2010 at 16:20
И дај ти се молам не прави споредби на дилери со дрога со дробни пазарџии.Ни ја навредуваш интлегенцијата.
Или можеби ова е начинот да се регрутираат нови дилери за дрога оти што ќе прават кутрите пазарџии кога им се одзема стоката што некој друг ја увезол,а тие само ја препродаваат?
Нема инвестиции,значи не можат да се вработат.Не се во владеачката партија за да се вдомат во некоја институција.Конечно што со нив?Стварноста не е така розова како што им изгледа на некои зеленковци
април 16th, 2010 at 16:58
Повели кај мене па прочитај го постот. Јас мислам дека така никој нема да биде истепан
април 16th, 2010 at 17:07
Напад на службено лице во извршување на должност е ДИРЕКТЕН НАПАД НА ДРЖАВАТА!
Нема никакво оправдување!
Тука несмее да има повикување на никаква дискриминација!
април 16th, 2010 at 17:20
А упад на пазар со специјалци се вика прекумерна употреба на сила.
Патем, кога веќе еднаш ќе се случи ваков упад на Бит – Пазар? Или фуфка таму
април 16th, 2010 at 17:24
Директен напад на државата е и
-митото и корупцијата
-и се друго што го споменав погоре или можеби и не го споменав а води кон уривање на економските темели на државата.
Што сакам да кажам?За да се средат работите потребен е личен пример.Не може некој што атакува директно на државата со своето делување или неделување да бара од други да не атакуваат врз неа.Просто како тезга
април 16th, 2010 at 17:28
Инаку вчера, на барање Координативното тело при Владата на Р.Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, по претходно изготвен план, МВР асистираше при организираната акциска контрола на на пазарот за текстилни производи во општина Шуто Оризари. Акциската контрола започнала во 12,00 часот, а припадниците на МВР во содејство со државниот пазарен инспекторат и дргите државни институции биле поделени во 20 тима. Преставниците на Кооринативното тело при Владата на Р.Македонија за заштита на интелектуалната сопственост веднаш по завршување на предвидените мерки – одземање на фалсификувани производи во 13,55 часот обезбедувани од припадниците на МВР го напуштиле пазарот во општината Шуто Оризари. На просторот непосредно пред пазарот и околу него додека траела акцијата се собрала голема група на граѓани која достигнала од 5000 граѓани кои биле агресивни и ја омаловажувале полицијата. Во 14,05 часот дел од насобраните граѓани започнале да фрлаат камења и други тврди предмети кон припадниците на полиција кои што биле поставени на приодите од пазарот. Покрај предупредувањата од страна на припадниците на МВР граѓаните да се разотидат, истите продолжиле со нападите. Од страна на водот на ЕБР со одговорниот старешина, по направена проценка за загрозување на безбедноста на полициските службеници, заради одбивање на непосредниот напад и заштита на другите полициски службеници (ангажирани од редовниот состав на полицијата, поточно од ПС при СВР – Скопје), во три наврати кон масата фрлени се три шок бомби по што истите успеале да разбијат масата, а тие да се повлечат назад. Од извршените каменувања врз припадниците на МВР повредени се вкупно 16 припадника од кои 15 од ЕБР и 1 УПС од ПС Карпош. Повредените полициски службеници се префрлени во ургентниот центар и Воената болница за укажување на лекарска помош. Тројца припадници од ЕБР поради сериозноста на повредите се задржани во Воената болница на понатамошна опсервација. Освен нанесените повреди на припадниците на МВР нанесена е и матерјална штета и тоа: оштетени се 12 штита, 8 шлема и 4 службени моторни возила. Службените возила од страна на ОКТ се фотографирани во кругот на ПС Гази Баба.
Веднаш по смирувањето на состојбата и повлекувањето на полициските службеници во истрагата се вклучи и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој изврши увид во видеоснимките, како и разговори со полициските службеници кои учествуваа во обезбедувањето.Констатирано е дека од страна на припадниците на МВР за време на траење на акцијата се употребени само средства за заплашување на масата – три шок бомби, така што СВКПС смета дека полициските службеници ангажирани за спроведување на наведената акција, превземале мерки и дејствија во рамките на нивните полициски овластувања.
Засега до СВКПС нема пристигнато никаква поплака или претставка против полициските службеници, ниту има пријавено какви било повреди од страна на граѓаните.
Во целост
април 16th, 2010 at 17:29
Нападот е поради фрустрираност од самиот систем на државата. Ако државата постапи правно издржано, како што опишав во мојот пост, никој немаше да биде нападнат. И ако претходно биле остварни тие политики на еманципација на тој дел од населението исто така, немало да има никакви напади. Секоја е реакција е подлежна на нејзината претходна акција.
април 16th, 2010 at 17:30
Филипко, па не биди корумпиран и недавај мито… и се ќе биде во ред!!!
Доколку некој тебе ти побара мито, пријави го во полиција.
април 16th, 2010 at 17:30
пардон Секоја реакција е резултат на нејзината претходна акција.
април 16th, 2010 at 17:32
Социјадемократ… истиот филм ко фрчко гога има се пушти на Бит Пазар… само тогаш фрчеа куршуми… нели, или се лажам?
април 16th, 2010 at 17:37
Не знам не сум информиран за тоа, а и никогаш не практикувам да се занимавам со нешто што е минато, само гледам што се случува во сегашноста и тоа не ми се допаѓа. А не те негирам тебе и не викам дека сдс се цвеќиња иако сум таму определен, само глеам дека актуелниве се занимаваат со екстреми, идат од крајност во крајност, а тоа никако не и оди во прилог на државата.
април 16th, 2010 at 17:40
Еј ти младо момче … информирај се… за ваква да биде ваква ситуацијата… морало предходно некој дебело да ја испуштил од раце… е сеа мерките мора да се РАДИКАЛНИ.
ЗА РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ, МОРА ДА ИМА И РАДИКАЛНИ МЕРКИ!!!!
април 16th, 2010 at 17:48
Кими ма, овде имаше повеќе сила употребено отколку во упадот кај Бајруш, таму милиони имаше во игра. Околу извештајот од МВР – јас никогаш не сум видел некоја служба да си ја признае гршката. Не верувам дека и ти си видела. Сигурно исто било и со МВРто на Фрчко. Ама, барем имал муда да загази, не?
А радикалните мерки? Знаеш кон што води секоја радикалност, нели?
април 16th, 2010 at 17:51
радикалните мерки ме исполнуваат со радост
април 16th, 2010 at 17:51
еее барабас… тоа ме мачи и мене, јас сум за реципроцитет… 5000 роми каменуваат 200 полицајци, јас би викнала засилување ….;)
април 16th, 2010 at 17:56
… Кимичка … овојпат се сложувам со Филипко …
??? …
??? …
))) …
еве зошто :
… – како поминала таа роба царината
… – кој работи во царината
… – договорен профит помеѓу цариници и увозници се вика корупција … односно криминал …
… – а шутка продавнички и пазарџии се само прекупци …
… ЗНАЧИ : ЦАРИНАТА ТРЕБА ДА СЕ ОПРАВА …
… таа прва дозволи влез на робата … ете затоа оваа акција нема издржаност и е своевиден срам за Гоцата и правдата
април 16th, 2010 at 18:06
Ок не реков дека не е така, ама радикални мерки??!! Те молам па тоа е покомунистички него во времето на социјализмот. Ти незнам што си по професија, не е ни битно, ама кога веќе сме по блоговиве претпоставувам дека сме доволно едуцирани, па сите знаеме што е демокрактска држава и кои се оние анти-демократски дејства кои што влијаат негативно врз системот. Капитализмот како систем не признава никакви радикални мерки, а ние сега живееме во него, не во социјализмот. Овие мерки се убиствени за еден ваков систем. Како што пишува кај мене од економска гледна точка се ок, меѓутоа нивното „спроведување“ нема да донесе никаков резултат додека не се спроведат сите претходно потребни чекори. Тие луѓе од Шутка ќе останат невработени, тоа е сигурно, затоа што се неадекватно обучени и едуцирани (тоа е вина на власта) и се неспособни за самовработување, што значи државата на товар ќе си стави нови социјални случаи. Вака бар си беа задоволни не бараа помош. Инаку сум за да се спроведат законите, ама откако ќе се реши социјалниот феномен на ромите. Не пред. За се си има и место и време.
април 16th, 2010 at 18:23
живеам во место каде што во околината има чергарска населба, децата на тие роми учат во школото кај што учат и моите (мораат да бидат запишани во школо, таков е законот), е сеа што е проблемот… во државава имаме многу ен џи оа кој ги штитат правата на ромите.. така?.. така, е сеа овие потомци, ученициве де, на училиште одат на први септември, па докај 15 колку да бидат евидентирани дека се запишани во училиште… толку, од горенаведените ен џи оа земаат облека и школски прибор… толку, едно време некои се трудеа и да ги дообразуваат, ама многу кратко траеше акцијата, веројатно дур земаа многу пари, после ромите се небитен фактор. Состојбата со ромите е алармантна, не е лоша… тоа е фин збор, просат, одат боси по мраз, децата им снифаат лепак на плоштад… многу лошо. Пред две години кога сегашната власт реши да им го среди колку толку животот… изрипаа катаљарда ен џи оа со обвинувања дека власта им ги крши правата на питачите затоа што ги ставала во комбиња… се дебатираше се збореше, но нво-ата не дозволија да им се реши проблемот на ромите кој питачат во градов, а бога ми и на децана кои шмркаат лепак, питачите беа пуштени „на слобода“ а ен џи оата ги снема. кажи ми ти сеа со здрав разум кои им мисли лошо, власта која сака да им го реши проблемот, или останатите кои станаа милијардери на нивна сметка?
април 16th, 2010 at 18:25
гоцка, нек си кажат кој им дозволил де да прошверцуваат роба… а бе има закони, а и луѓе без работа, па некој ќе лета од кај што не му е место… а бе луѓе еднаш мора од некаде да се почне и клопчето да се расплете… факт е дека е така, ама дур има овци ќе има и џемпери!
април 16th, 2010 at 20:52
Факт е дека дури има зеленковци ќе има и црвенковци и обратно.Ми се смачи веќе едните да ги враќаат на власт другите со своите политики.
април 16th, 2010 at 22:39
Изглеа не се разбравме. Јас зборував за претприемнички (бизнис) обуки и доедукации, конкретно за трговците, чие време за идење во било какво државно училиште или универзитет е веќе одамна завршено. А тоа дека било која НВО има моќ над владата го слушам секој ден и сеуште не ми е јасно како е можно. Али не навлагам таму.
април 16th, 2010 at 22:49
“Само за да немаш мака околу неколкуте работи ќе ти одговорам
Шверцувана брендирана стока не се продава во државите каде
-државниот апарат е мал и ефикасен
-државниот апарат не е камен околу вратот на стопанството
-државниот апарат е во функција на стопанството креирајќи поволни услови за легален бизнис
-државниот апартат не е до гуша заглибен во мито и корупција
-државниот апарат не е место за вдомување на партиски послушници
Е таму легитимно е демонстрирањето на сила за спроведување на Законите”
ДЕКА ФИЛИПКО Е ВО ПРАВО- ВО ПРАВО Е.
Ама дека робата е шверцувана, па немојте бе да се праите на триипол-пола роба се изработуба во Шутка и Арачиново….
Дека има корупција , има.
април 16th, 2010 at 23:03
Стоката на пазарот е претежно од Турција,дел од Грција,што значи ја поминала граничната линија.Шверцот треба таму се сузбива,на граничната линија,а не со спектакуларни акции по пазари.Можно е дел од стоката да е од домашно нелегално производство.Рецептот и тука е ист.Се запленува стоката во нелегалните погони.Што сакам да кажам?Ако не секне изворот водата ќе продолжи да си тече.
април 16th, 2010 at 23:42
… ете … повторно Филипко во право … :0 …
април 17th, 2010 at 08:54
Филипко ете пошто имаш информации, очито си запознаен со проблематиката на шверцуваната роба… те ти телефон 197, пријави и нема да те мачи, извршија твојата граѓанска должност.
И јас би се јавила, ама до сеа не сум имала проблем со царина, у шутка не пазарам, така да во целиов случај јас гледам само истепани полицајци, службени лица и пак ке кажам, атак врз нив е атак врз државата!
април 17th, 2010 at 08:57
Социјалдемократ, тоа е затоа што не си се судрил со 3Д светот… гледаш само вести и висиш на компјутер, затоа ти се чудни овие појави, а за дообука… иди во Агенција за вработување и распрашај се за преквалификација.
април 17th, 2010 at 09:11
Законот мора да се спроведе на цела територија и за сите граѓани , во моментов според статистиката околу 89% од Македонското население ги плаќа сите даноци , давачки кон државата и сл.. за разлика од малцинствата поготово ромите и албанците процентот достигнува едвај 37 % замислете се бара рамноправност а сепак не ја почитуваат оваа држава и ја развиваат сивата економија а со тоа ја ставаат државаата во загуба. Патем околу случувањата во шутка колку што гледав полицијата беше брутално каменувана , а ако се сеќавате во франција демонстрациите кога полицијата беше нападната со камења возврати со гумени куршуми и со безмилосно мавање на демонстрантите и во било која европска земја ќе го видите истото ама овде ако полицијата удри во самоодбрана одма ќе скокнат сите демек државаата ги малтертира малцинствата бла бла….. Затоа нека не ве манипулираат политичките партии и да се ставате над законот со таквите изјави затоа што верувам дека сите овде плаќаме тоа што треба да се плати во оваа држава и треба да го осудите овој чин од страна на ромите поради непочутивање на законите а воедно непочитување и на нас како граѓани кој што си ги подмируваме сите давачки кон државата.
април 19th, 2010 at 20:00
каков е овој потег на граѓаните бараат остварување на своите права.Иронија полицијата е крива.ХАХАХА
мај 7th, 2010 at 23:26
[...] after the incident Kimi, a right-wing blogger, started a discussion portraying [MKD] the police as victims of one-sided beating: …how should the police react to avoid [...]