Молба
Молбава е насочена кон сите учесници во сообраќајот и кон посебната група граѓани кои во петок го користат Јавното сообраќајно претпријатие беспари, т.е. пензионерите.
Значи во услови на снег, кога цела држава е завеана и кога сообраќајот се движи со брзина на сообраќај кој се движи во услови на снег т.е. многу полека, ги замолувам сите учесници да го имаат во предвит отежнатото движење по улиците и булеварите и ако може да излезат од дома едно десетина минути порано, бидејќи со свирките и со нервозното возење нема да постигнат ништо, освен стрес и кај останатите учесници во сообраќајот.
Имено јас сум многу голем љубител на снегот, а верувам вакви како мене има уште неколку. Јас како љубител на снегот многу сакам да пешачам и да го чуствувам снегот под чевлите, надвор се е така убаво, мирно, тивко и споро, освен пар нервозни возачи кои ја рематат сета таа атмосфера со своите свирки на автомобилите. Навистина е непријатно кога некој заборавил дека по снег неможе да вози како Шумахер само затоа што брза на работа… значи 10 минути не му влијаат многу на животните навики, а на мене на пример ми го крши човечкото право да уживам во снегот… се на се неколку дена во годината…мислам дека не барам многу, нели?
Би можеле на пример да се качат на автобус и без никакви нервози да стигнат таму каде што тргнале, верувајте многу побрзо и посигурно ќе стигнат таму каде што намериле.
А што се однесува до пензионерите, нив би ги замолила денес, ако може да се откажат од правото на возење беспари во автобус, не затоа што прават гужва, туку затоа што може да паднат и да си напраат беља, потоа покрај нив реперкусии ќе трпат и нивните деца носејќи ги по болници, тоа само по себе значи дека и во болниците ќе се направат гужви. Затоа мислам дека ако еден ден апстинираат и не одат на пазар, нема да им ги смени тековните навики.
Ви благодарам …:)

февруари 3rd, 2012 at 09:28
Убава молба, ама тешко дека ќе ја прочитаат пензионерите. Не се на интернет деенска, се шетаат низ град, претпоставувам
февруари 3rd, 2012 at 09:31
hahahaha jako jako