Бадник и Божик неработни денови!

Таман ни тргна работава, пак ќе одмараме два дена. За Коледе ќе седиме домче и ќе чекаме дечиња да ни пејат коледарски песнички.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (”Службен весник на РМ”, бр21/98 и 18/07), 6 и 7 јануари 2010 година (среда и четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика, им ги честита Бадник и Божик на граѓаните од православна вероисповед.

Reblog this post [with Zemanta]